Windows Phone 8.1 ќе добие центар за нотификации

Центарот за нотификации, како една од функциите кои корисниците најчесто го бараа од Microsoft за своите Windows Phone 8 уреди, наскоро ќе биде достапен со 8.1 надградбата на оперативниот систем, вели Winphollowers кој го сподели изгледот на ценатрот за нотификации по надградбата на оперативниот систем. Опцијата ќе се појавува кога корисникот ќе повлече со прстот над горниот дел на екранот, по што ќе се појават кратенки за WiFi мрежа, Bluetooth и други опции. Целиот екран се отвора кога корисникот ќе повлече преку екранот по што се отвораат нотификациите од апликациите кои може да се променат, надградат или избришат.

Покрај ова Microsoft работи на додавање на гласовниот асистент Cortana на Windows Phone 8.1. На барање на корисниците со надградбата ќе бидат разделена гласноста на звонење и апликацитиие. Според споделениот скриншот се чини дека Microsoft ќе го промени името на надгрдбата од Windows Phone 8.1 во Windows Phone Blue.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии