Windows 8 е катастрофа, вели шефот на Valve

Новиот оперативен систем на Microsoft е катастрофа за дизајнерите на PC игри, вели шефот на Valve, Гејб Њувел, на конференцијата за видео игри Casual Connect во Сиетл.

Една негова критика се однесува на двојниот интерфејс на Windows 8. Новиот OС покрај стандардниот интерфејс има и втор, Metro кој е оптимизиран за таблет компјутери и апликации на цел екран кои се користат со допир.

Г. Њувел, кој 13 години работел за Microsoft, вели дека Valve ќе се фокусира на слободниот оперативен систем Linux. Веќе во тек се првите тестoви да се префрли гејминг платформата Steam на Linux. Преку Steam околу 40 милиони играчи можат да купуваат дигитални копии од игри, да добиваат попусти и да си ги зачувуваат достигнувањата во игрите. Во моментов само Left 4 Dead 2 е достапна за Linux, но г. Њувел се надева дека наскоро ќе има околу 2.500 игри.

Но, како што пишува ArsTechnica, најголем проблем за Valve може да биде Windows Store. Microsoft преку оваа продавница планира да продава софтвер во замена за 30 отсто од продажбата, и најверојатно ќе ја држи оваа продавница затворена и контролирана, или како што вели г. Њувел ќе го „затвори пристапот на конкурентите до платформата“.

Според него, Steam немаше да постои без PC-јата и нивната отвореност за други платформи. Но, со Windows Store програмерите ќе се фокусираат само на таа продавница, што ќе го намали интересот за Steam.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии