Windows 8 Consumer Preview e достапен за симнување

Ако ве привлече целокупниот редизајн на Windows 8 , со новиот Metro изглед кој несомнено се стреми кон минималност и функционалност, тогаш почнете да ја симнувате ISO датотеката на Windows 8 Consumer Preview од тука.

Ако имате постара конфигурација и не сте сигурни дали вашиот компјутер ќе го издржи најновиот оперативен систем на Microsoft, тогаш симнете ја оваа мала апликација што ќе ви каже дали ќе можете да го разгледате Windows 8.

Од Microsoft објаснуваат дека ова е сè уште рана верзија на нивниот оперативен систем, и дека финалната верзија може да биде многу изменета. Минималната конфигурација што ви е потребна е процесор со барем 1ghz, еден гигабајт RAM меморија за 32-bit Windows 8, 16 гигабајти на вашиот hard disk и графичка карта компатибилна со DirectX 9.

Со тоа што ова е најнов оперативен систем на Microsoft, минималната конфигурација е доста скромна, што можеби се должи на минималниот кориснички интерфејс Metro кој не се занимава со толку визуелни ефекти и занимации, туку става акцент на ефективност.

Разгледајте ја новата верзија на Windows и коментирајте овде за вашето целокупно искуство.

4 коментари на “Windows 8 Consumer Preview e достапен за симнување

  1. Одамна пробано . Одличен оперативен систем.Стабилен среден а сеуште е preview фаза. Дизајнот е прекрасен и лесен за навигација

    1. едвај чекам да го користам за работа да видам како иде. Никогаш не сум бил фан на windows али овој пат можно е дефинитивно да станам :]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии