Windows 8.1 Update 1 се појави на Веб, еден месец пред официјалното стартување

Еден месец пред официјалното излегувањето на првата надградбата на Windows 8.1 се појавија првите верзии на сајтовите за споделување на фајлови. Новата верзија доаѓа до многу новитети, пред се поедноставна интеракција со глувчето и нови title bar кој овозможува отворање, затворање или подредување на апликациите со помош на глувчето, што ќе го зголеми квалитетот на оперативниот систем за корисниците кои не користат екрани на допир како што се најголем дел од десктоп корисниците. Подолго време најавуваната промена која ќе додаде контекст мени по десниот клик врз „коцките“ конечно ќе се појави во оваа верзија. А Shutdown и Search копчињата конечно го најдоа своето место на Start екранот.

Верзијата на надградбата која моментално е споделена е ОС 14 јануари, што остава прилично голем простор за промени кога е во прашање финалната верзија на надградбата која се очекува официјално да биде достапна на 11 март, јавува Verge.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии