Windows 7 сеуште држи 25% од светскиот пазар на оперативни системи

Иако во моментов имаме огромен број на оперативни системи за десктоп корисниците, несомнено е дека Windows доминира на пазарот. Според NetMarketShare, оперативниот систем на Microsoft во моментов е на врвот, со 88.14%. Ова во никој случај не е за потценување, особено што втор на листата е macOS на Apple, со 9.42%.

Она што е интересно е што помеѓу корисниците на оперативните системи на Microsoft, како низ светот, така и локално, има многу кои едноставно одбиваат да се префрлат на најновата верзија на истиот, Windows 10. Windows 10 е пуштен во употреба пред скоро 5 години, на 29-ти јули 2015-та, но сепак има корисници кои едноставно сметаат дека Windows 7 е подобра опција за нив. Дали е само навика, или причина се големиот број на проблеми кои навидум не престануваат да се појавуваат кај Windows 10 со секој нов апдејт, причината варира од корисник до корисник.

За споредба, Windows 7 е пуштен во употреба пред нешто помалку од 11 години, во јули 2009-та, и последната негова верзија е Service Pack 1, кој излезе пред околу 9 години, во февруари 2011-та. Исто така вреди да се напомене дека Microsoft официјално ја укина поддршката за Windows 7 во јануари 2015-та, додека продолжената поддршка за истиот е укината пред неколку месеци, во јануари годинава.

black laptop computer keyboard in closeup photo

И покрај ова, има зачудувачки голем број на корисници кои уште го користат. По крајот на продолжената поддршка видовме голема миграција на корисници од Windows 7 на Windows 10, за работите да се стабилизираат периодов. Во моментов, Windows 7 е присутен со 25.2 проценти од светскиот пазар на оперативни системи. Секако, Windows 10 доминира со 57.39%, но фактот што имаме оперативен систем стар 11 години кој се користи на четвртина од десктоп уредите низ светот, кажува многу за истиот.

Според многу корисници, Windows 7 е убедливо најдобрата верзија на оперативниот систем која Microsoft некогаш ја има направено. Претходно, титулата припаѓаше на Windows XP, кој беше наследен од Windows Vista, кој пак важи за еден од најлошите оперативни системи кои компанијата ги има направено покрај Windows ME.

Она што сигурно ќе го забележите е дека помеѓу 7 и 10, имавме уште една верзија од оперативниот систем на Microsoft – Windows 8, кој подоцна беше надграден на 8.1. Истиот беше пуштен во употреба во 2012та година, надграден на 8.1 во 2013та, и наследен од Windows 10 во 2015та. Ова е релативно краток рок за оперативен систем, а голема причина за истото е што многу корисници сметаа дека промената во корисничкиот интерфејс е преголема и воопшто не е оптимизирана за десктоп уреди. Истата беше очигледно наклонета кон уреди со екрани на допир, кои некако не се популаризираа колку што Microsoft очекуваше, барем не кај десктоп корисниците.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии