Microsoft и официјално го објави Windows 7 за продажба. По првите оценки и од прв поглед Windows 7 доби позитивни оценка. Оперативниот систем има доста интересни новитети и детали. Новиот оперативен систем треба е наследникот на нетолку успешната Vistа, така фокусот на овој ОС се корисниците. Слично на Vista, и Windows 7 ќе биде достапен во шест верзии Starter, Home Basic, Home Premium, Professional, Enterprise и Ultimate.

Windows 7 RTM (Release to Manufacturing) е финалната верзија од најновиот оперативен систем на Microsoft. Според многумина кои го прогласуват како исправка на грешките со Vista-та, или она што требаше да биде Vista-та, е сосема неточно. Windows 7 е нов оперативен систем со доволно промени (особено) од внатре, за што не треба да се има било какво сомневање дека е
подобрување.

За почеток, за да го користите Windows 7 минималните хардверски побарувања се:

  • 1 GHz 32-bit или 64-bit процесор
  • 1 GB RAM за 32-bit Windows 7 или 2 GB RAM за 64-bit Windows 7
  • 16 GB Слободно место на хард дискот 32-bit Windows 7 или 20 GB за 64-bit Windows 7
  • Подршка за DirectX 9 графика со 128 MB меморија (за да работи Aero)
  • DVD-R/W
  • Интернет пристап за активација на Windows 7

Инсталација

Windows 7 може да се инсталира преку Vista (upgrade опција), или дирекно да се инсталира на чист компјутер. Јас го инсталирав на празен (чист) хард диск со цел да се добие на квалитет и стабилност.

Инсталацијата е многу слична како на Vista. Подесуваме во BIOS компјутерот да се стартува преку DVD. Бираме јазична подршка и започнуваме со инсталацијата. Одберете „Custom“ инсталација за да си го персонализирате Windows-от. Одберете партиција. Откако ќе се заврши првата фаза, се рестартира компјутерот, по што инсталација започнува да копира други важни фајлови.

Откако тоа ќе заврши внесувате корисничко име (user name) и лозинка (password). Го внесувате и вашиот сериски број. Потоа одберете ги сетинзите кои сакате Windows-от да ги користи. Јас одбрав
„Use recommended settings“, за да се упдејтува Windows Firewall. По тоа местите време и датум и на крај ви се појавува вашиот нов Desktop. Од тука следи инсталацијата на драјверите и програмите кои ги сакате. (Совет: Ninite.com е интересен веб сервис со кој можете лесно да инсталирате важни и корисни програми)

Desktop и Интерфејс

Да се запознаеме малку со самиот десктоп на Седмицата.Тој е една празна површина со само една икона на него (Recycle Bin). Нормално ако сакате повеќе икони тие се тука, но има и опција за да остане чист декстопот. Sidebar од Vista го нема, ама затоа тука се Gadget-и кои овој пат може да бидат преместувани каде сакате низ десктопот.

Исто така нешто што навистина вреди да се спомне е опцијата за промена на десктоп позадина и screen saver, која кај претходните Windows верзии беше со десен клик на позадината. Менито Properties сега е малку променето.Сега може да се најде некоја од Aero темите Aero Peek функцијата овозможува да се „гледа“ преку активните прозори со тоа што ги прави провидни.

Нешто што исто така сметам дека e интересно е Aero Shake функцијата, која кога ќе протресете со маусот над некој прозорецот, сите останати автоматски се минимизираат.

Taskbar

Windows 7 ни престави сосема нов, досега невиден, таскбар. Неговиот интерфејс е проѕирен и нешто поширок од неговите претходници. Кај ХР и Vista имаше класично респредување на Start мени, Quick start на левата страна од таскбарот, а на десната беа System Tray и саатот. Додека кај 7-ката главниот дел од таскбарот е Quick Launch и имате можност да прикажете било која апликација на него.Ова на почетокот е малце збунувачки, ама со тек на време се навикнувате.

System Tray делот исто така има мала промена. Скриените фајлов до сега се појавуваа хоризонтално на самиот таскбар, додека кај 7 се појавува во прозорче врз System tray иконите.

Управување со прозорите.За управување има некои скратеници кои се користат:

  • Win + Home – Ги минимизира сите прозори освен оној на кој работите.
  • Win + стрелка за нагоре – Ги максимизира сите активни прозори
  • Win + стрелка за доле – Минимизира акивни прозори
  • Win + стрелки лево-ресно – “Прилепува” активни прозори со лево-десно ивици на мониторот.
  • Win + space – Ги прави сите прозори провидни(се гледа десктопот)
  • Win + Shift + стрелки вело-десно – Префрла прозор на вевиот-десниот монитор.

Компатабилност

Ако апликациите работеле на Vista тогаш има големи шанси да работи и на 7-цата. .Јас инсталрирав некои основни програми кои работеа одлично: Microsoft Visual Studio 2008, True Crypt, Microsoft Office 2007, FireFox, Google Earth, Adobe Reader, Chrome, Google Talk, Skype, Msn, 7 Zip,Total Commander и уште многу други.

Воопшто немав проблем со компатабилноста. Можеби мал проблем е што Windows 7 нема вграден mail клиент…па можеби да наидете на проблем кога ќе отврите апликација која е слична на Outlook Express,. Проблемот го решив со инсталирање на Windows Live Mail од Essentials пакетот.

Секојдневна работа

Libraries – Она што од секогаш му фалеше и го ограничуваше Windows е тоа што е тешко да се префрлаат фајловите од „специјалните“ локации (Documents, Pictures, Music, Videos итн).
За таа цел Windows 7 го воведе Libraries (библотека) кој е всушност одреден збир од фолдери од одреден тип. Во секоја од овие икони се наоѓа збир од фолдери, кои не мораат да бидат на вашиот компјутер.Според мене навистина корисна опција.

Мултимедија – Windows Media Player-от е драстично подобрен.Чита слики, музика, видеа….Во самиот Windows 7 има вградено подршка за многу кодеци, дури и за Blu-Ray…Со други зборови: толку е добро направен што нема да има потреба од дополнителни плеери.

Кога сме веќе тука сакам да ја преставам и опцијата за пуштање музика од твој компјутер на друг компјутер со кој стелогирани преку интерент. За тоа вие треба да имате Windows Live ID,и истиот тој Windows Live ID да го сетирате за пристап на двата компјутери (сервер и клиент).

Под „хаубата“

Иако на визуелен дел е доста среден,нешто што е ми е многу важно е што се е променето во внатрешноста.

  • Windows Kernel Dispatcher Lock – Тргање на барирерите за ефикасна работа на компјутерот со повеќе процесорски јадра.
  • Редизајн на Windows Memory Manager дела.
  • Додадена е нова мрежна опција Direct Access ..тоа ќе му дојде нешто како да пристапите да вашиот десктоп каде и да сте. Единствен услов е да серверот во мрежата да биде Windows Server 2008 R2 (што е помалку и ограничува во користењето)
  • Подобрена подршка за Solid State дискови (посебно важно за лап-топите).

Иако компјутерот го користам најчесто за секојдневна работа, сепак имам навика да правам и разни benchmark тестови, тоа што приметив е што Windows 7 е драстично побрз од Vista. Но треба да се земе во предвид дека на Windows 7 ги немам инсталирано сите апликации што ги имав на Vista, така брзината најмногу ќе се почуствува во времетраењето на одредени операции.
Ако пак правиме споредба со ХР со право ќе кажам дека на истиот хардвер ХР-то ќе работи многу, многу побрзо…што до некаде е оправдано бидејќи секоја наредна генерација ќе има поголема хардверска побарувачка од неговиот претходник.

И за крај

Windows 7 еодличен оперативен систем. Седумката е стабилна и „испеглана“ со многу мали и големи подобрувања што работата на него ја прават полесна. Ако се префлите од ХР ќе наидете на нешто сосема ново и за вас непознато, а ако се префлите од Vista ќе добиете побрз, смирен оперативен систем со препознатливи детали на кои не сте навикнати на Vista.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии