Windows 7 достапен од 22 октомври

IT.mk редакција

во Софтвер

{mosimage} Koга Microsoft го објави оперативниот систем Windows Vista, се соочи со катастрофални реакции од јавноста. Најпрвин се појави нестабилноста, лошите новинарски статии за лоши драјвери, некомпатибилноста, за потоа да се појави револт кај корисниците кои во неколку наврати бараа Microsoft во недоглед да го продолжува животниот век на Windows XP, со намера да се одложи што повеќе користењето на Vista. Се чинеше дека се ближи крајот на десктоп доминацијата на Microsoft.

Но, компанијата од Редмонд имаше други планови. Додека Вистата тешко се пробиваше на пазарите, развојниот тим за Windows се фокусира во поправање на недостатоците на Vista и испорачување на наследник кој ќе ги елиминира сите негативности и забелешки за употребливоста кои ги добиваше Vista.

Така го добивме Windows 7 оперативниот систем кој стана хит преку ноќ, и со секоја нова рецензија за претходно објавуваните бета верзии, растеше и нестрпливоста и очекувањето на новиот оперативен систем. Повратните информации од корисниците кои го пробале новиот оперативен систем се генерално позитивни и повеќето бета тестери пријавуваат општо подобрено искуство со новиот оперативен систем.

Мicrosoft го најави 22 октомври како датум кога ќе бидат достапни новите оперативни системи Windows 7 и Windows Server 2008 за производителите на компјутерски хардвер. Мicrosoft вели дека објавувањето на новиот оперативен систем е кулминација на еден обемен инжинерски проект. Од компанијата тврдат дека во изминатиот период добивале повратни информации за новиот оперативен систем од 10 милиони корисници и 4,000 ИТ професионалци.

{mosimage}

Microsoft се надеваат дека компаниите на кои не им се допаѓаше Windows Vista, ќе преминат на Windows 7, кој треба да биде повеќе компатибилен за нивните апликации. Во новиот оперативен систем, постои Windows XP виртуелна технологија наречена XP Mode, која ќе им овозможи на корисниците да продолжат да ги користат своите XP апликации, нешто што досега не беше можно кај Vista. Корисниците исто така ќе можат да вршат интегрирани пребарувања низ нивните локални хард дискови, локални мрежи и низ интернетот воопшто.

Од другите новини, вреди да се спомене опцијата Direct Access, која според Microsoft ќе им овозможи на корисниците да работаат од надвор од заштитниот зид на компанијата, без да се бара пристап до виртуелна приватна мрежа.

Потрошувачите кои користат Vista во Европа, нема да можат да го надоградат системот директно на Windows 7. Тие ќе мораат да одат на нова чиста инсталација.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии