Windows 11 достапен во бета верзија

Дејан Соколоски

во Вести

Microsoft минатата недела објави дека ја издава Windows 11 Insider Build Beta верзијата на новиот оперативен систем. Претходно компанијата ја претстави и Developer верзијата на оперативниот систем, но ова треба да биде постабилно издание, кое е поблиску до финалната верзија на Windows 11.

Иако станува збор за постабилна верзија сепак инсталирањето на бета како единствен оперативен систем на компјутерот веројатно не е добра идеја. Секако оваа верзија е постабилна од верзијата за девелопери, но тоа не значи дека е готова за сите корисници. Инсталирање на втора партиција или на сосем друг компјутер (тест машина) е попаметно решение.

Еден од најголемите предизвици за сите кои се заинтересирани за учество во тест програмата е хардверот. Компанијата во најавата на новиот Windows ни го претстави минималниот потребен хардвер:

  • 1GHz или побрз барем двојадрен 64-битен процесор
  • 4GB RAM
  • 64GB слободен простор
  • TPM верзија 2.0; UEFI; Secure Boot
  • Графичка картичка компатибилна со DirectX 12+ и WDDM 2.0 драјвер
  • 720p дисплеј со екран над 9-инчи

Во последниот блог за минималните побарувања, Microsoft е малку поспецифичен за процесорите:

„Уредите кои доаѓаат со 8-ма генерација Intel процесор, AMD Zen 2, Qualcomm 7 и Qualcomm 8 Series ги исполнуваат принципите за безбедност и доверливост, но и минималните побарувања за Windows 11…“

Сите кои сакаат да се вклучат во Windows Insider програмата можат од Settings > Update & Security > Windows Insider Program да одберат Get Started да се регистрираат за учество.

Засега нема точна дата за излегување на Windows 11.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии