Windows 10 ќе се пензионира во 2025, веќе излегоа првите слики од Windows 11

Дејан Соколоски

во Софтвер

Microsoft најави крај на поддршката за Windows 10 за октомври 2025 година, a веќе има најава и за следната верзија на оперативниот систем. Вестите за нова надградба на Windows се стари неколку месеци, но досега немаше потврда дали „Sun Valley“ е нова надградба на Windows 10, или сосем нов оперативен систем.

Најавата за „крај на живот“ потврди дека „Sun Valley“ сепак не е надградба. Излегувањето на новата верзија на оперативниот систем се очекува за втората половина на 2021 година. Сепак на кинескиот форум Baidu веќе се појавија први слики од  изгледот на следната верзија на Windows. На сликите може да се види како ќе изгледа новото старт мени и „Settings“ екранот на Windows.

Една од промените кои ги забележи Verge е новиот изглед на таскбарот кој сега наликува малку повеќе на таскбар на macOS со икони поместени во центарот и многу почист изглед. Почетното (Start) мени нема многу промени со исклучок дека „live tiles“ се заменети со икони и менито изгледа нешто почисто, но некако и натаму е преполно и непрегледно.

Веројатно најинтересното прашање на кое чекаме е како Windows ќе продолжи понатаму. Windows 10 беше бесплатна надградба за сопствениците на Windows 7 и Windows 8 оперативните системи. Ова се надеваме дека ќе остане пракса и понатаму, но засега нема официјална потврда од Microsoft.

Повеќе информации за Windows 11 очекуваме следната недела. Настанот на кој Microsoft ќе го претстави следниот Windows е закажан за 24 јуни.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии