Windows 10 ќе се инсталира многу побрзо

Мicrosoft имплементира содржителни надградби за Windows 10 два-пати годишно. Со излегувањето на овој оперативен систем, корисниците искусија значителни надополнувања, првин со Anniversary Update, а потоа со Creators Update и последниот Fall Creators Update.

Наредниот месец се спрема пролетната надградба, позната како Redstone 4 или Spring Creators Update. Надградбата првенствено ќе се фокусира проширената реалност и ќе се одликува со нова виртуелна околина во која ќе можете да се движите, како и да користите најразлични апликации. Но,  гигантот од Редмонд планира да трошиме и двојно помалку време на реинсталирање на оперативниот систем.

Според Microsoft, просечното време на инсталирање на Windows 10 изнесува околу 82 минути. Со најновите прилагодувања, корисниците ќе можат да инсталираат свежа копија за околу 30 минути. Таквото нешто се овозможува со пренасочување на инсталација на одредени работи од офлајн на онлајн фазата, односно во позадина кога вие веќе работите на компјутерот.

„Поради овие промени,“ велат од Microsoft, „онлајн фазата ќе биде завршена за подолго време, но ова е незабележителна промена за повеќето корисници затоа што процесите не се приоритизирани и не ги нити видно загрозуваат перформансите, нити пак дополнително ја трошат батеријата.“

За тоа што би можеле да најдете во најновата надградба, останете со it.mk!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии