Windows 10 е се уште бесплатен за оние кои имаат потреба од асистивни технологии

Иако промоцијата на Microsoft, која дозволуваше бесплатна надградба на оперативниот систем од Windows 7 или 8.1 на Windows 10, заврши уште во јули, компанијата не ги има целосно затворено вратите за бесплатна надградба.

Имено, сите оние кои имаат потреба од користење на помошни и асистивни технологии, како алатката за зголемување на екранот или нарација на прикажаниот текст и понатаму можат да ја искористат понудата за бесплатна надградба.

Microsoft не вложува напори во проверка дали навистина имате потреба од овие технологии и потреба за алатките, што значи секој може да ја искористи понудата и да заштеди 120 долари за домашната едиција, односно 200 долари за професионалната. А дали тоа е етички е веќе друга тема…

Од направата која има Windows 7 или 8.1 посетете го сајтот за бесплатна надградба за корисници кои користат помошни технологии и кликнете на копчето Upgrade Now. Потоа, кликнете на штотуку преземаната извршна датотека и следете ги чекорите за бесплатна надградба.

Во моментот, сеуште нема никакви информации за тоа до кога би оваа промоцијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии