Windows 10 е компатибилен наназад повеќе од 30 години

Новото видео на Chain of Fools ќе ви овозможи да се потсетите како изгледаше најпопуларниот оперативен систем низ годините. YouTube корисникот Rasteri се нафати да ја инсталира првата верзија на Windows и оттаму да ја надградува секоја верзија на оперативниот систем. Дополнително за секоја верзија на оперативниот систем ја проверуваше компатибилноста наназад.

Toj три дена надградуваше, прилагодуваше и проверуваше. Инсталирањето на оперативниот систем му одзема 12 часа. Остатокот го помина во пронаоѓање на валидни копии на Windows и прилагодување за инсталацијата. Заклучокот од тестот е дека најголем дел од софтверот функционира и на новите верзии на оперативниот систем.

„Бев пријатно изненаден кога видов дека DOS верзијата на Doom 2 и Monkey Island функционираат на Windows 7. Microsoft има многу критики низ годините, но ова навистина е неверојатно достигнување.“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии