Windows 10 е инсталиран на над 1 милијарда уреди и официјален хардвер на Xbox

Две години подоцна од првично поставената дата, Microsoft конечно дојде до 1 милијарда корисници на Windows 10. Во овој број се вклучени десктоп компјутери, лаптоп компјутери, конзолите Xbox и HoloLens. Со оглед на тоа дека оперативниот систем беше бесплатна надградба со сопствениците на Windows 7 и Windows 8, можеби и е помало изненадување што ова не се случи и порано.

Оперативниот систем е достапен на над 80 000 различни модели, декстопи, лаптопи, хибридни компјутери од над 1000 производители, пренесе Verge.

Денес сме радосни што може да објавиме дека над една милијарда луѓе од 200 држави користат Windows 10 , што резултира со над 1 милијарда активни Windows 10 уреди. Не можеме да им бидеме поблагодарни на нашите корисници, партнери и вработени кои ни помогнаа да дојдеме до тука, вели Јусов Мехди од Microsoft.

Ова не беа единствени вести од Microsoft. Компанијата по низа кратки и делумни претставувања на спецификациите излезе со официјалниот хардвер за конзолата Xbox Series X.

Како што знаевме од претходно процесорот е прилагоден 8-јадрен AMD Zen 2 на 3.8 GHz, а графичкиот процесор е RDNA 2 GPU. Компанијата веќе најави дека процесорот е 12 TFLOPS.

Она што досега не беше објавено е дека конзолата доаѓа со 16GB GDDR6 и 1TB NVME SSD. Екстерен диск од 1TB идентичен на внатрешниот диск.

Со оглед на тоа дека станува збор за брз хардвер., од процесор па се до диск, нема да не изненади брзината на конзолата. Microsoft за споредба излезе со видео за времињата на вчитување на видеоигрите.

И уште едно видео во кое ја презентира функционалноста Quick Resume.

Со ова ни остануваат уште две непознати, првата е точната дата на излегување, а втората и веројатно поинтересна цената на конзолата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии