Windows 10 е инсталиран на 600 милиони уреди

Последната надградба на оперативниот систем Windows 10 сега се користи на над 600 милиони уреди. Само во последните 6 месеци оперативниот систем добил нови 100 милиони корисници, јави Ars Technica. Бројката нa 600 милиони корисници се однесува на бројот на активни корисници во последните 28 дена.

Бројката до 600 милиони се однесува на вкупниот број уреди. Тука освен десктоп компјутери влегуваат и: Xbox конзолите, Windows паметните телефони, таблет и хибридни компјутери и Microsoft HoloLens.

Најраспространета е Windows 10 CU верзијата со 63.5% застапеност, по неа следи Windows 10 FCU со 20.4%, и Windows 10 AU со 13.6%. Последната верзија Windows 10 FCU (Fall Creators Update) побрзо се прифаќа од претходната на надграба на оперативниот систем, јави ArsTechnica.

Microsoft сепак нема да успее да го оствари првичниот план. Со излегување на Windows 10, компанијата најави дека за 3 години сака да стигне до 1 милијарда корисници на овој оперативен систем. Иако надградбите од Windows 7 и Windows 8 на Windows 10 беа бесплатни, Microsoft сепак, не успеа да стигне до оваа бројка. Компанијата сега ќе се обиде да стигне до 700 милиони корисници, а ова се чини дека можеби и е остварливо.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии