Wikitribune е одговорот на креаторот на Wikipedia на лажните вести

Дали работата на професионални новинари поддржана од илјадници волонтери може да ги победи лажните вести? Одговор на ова прашање ќе добиеме наскоро, бидејќи токму ова е планот на Џими Велс за Wikitribune.

Целта е Wikitribune да биде потполно неутрален и со точни податоци. За да може воопшто ова да се оствари, повторно ќе биде потребна работа на многу волонтери. Принципот ќе биде сличен како оној на Wikipiedia, со една клучна разлика, статиите за Wikitribute ќе ги пишуваат професионални новинари. Потоа проверката на фактите и корекциите остануваат во рацете на волонтерите. Но сепак, конечните промени се во раце на доверлив уредник.

Сајтот засега не е достапен за корисниците, но BBC, кои ја имаа можноста да ја видат демо верзијата, велат дека Wikitribune тврди: „Вестите се расипани, а ние може да ги поправиме“. Како и Wikipedia, и Wikitribune треба да биде потполно бесплатен и без огласи. Ова значи дека и оваа страница ќе мора да се финансира од донации. Идејата е статиите да ги пишуваат помеѓу 10 и 20 новинари, што сепак покажува дека бројот на текстови ќе биде ограничен.

„Сметам дека сме во свет во кој многу луѓе се загрижени дека немаме доволно квалитетна проверка на факти, затоа сум сигурен дека ќе има побарување за ова. Идејата ни е да обезбедиме поддржувачи кои секој месец ќе ни бидат финансиска поддршка. Колку повеќе поддржувачи толку повеќе новинари ќе може да вработиме.

Што се однесува до минималниот број, кога би можеле да вработиме единствено двајца новинари тогаш ова би било блог, и не би вредело да го правиме. Сакам да започнеме со многу повеќе, 10 или 20“, вели г. Велс.

Идејата за месечната поддршка е што овие читатели ќе имаат можност да одлучат или барем да предложат кои ќе бидат темите кои ќе бидат обработувани. Текстовите сепак ќе бидат непристрасни.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии