Wikipedia стартува рејтинг систем на содржината

Поради фактот што секој може да придонесе во создавањето на содржина на Wikipedia, многумина не веруваат во вистинитоста на содржините кои онлајн енциклопедијата ги нуди. Затоа и Wikipedia се уште не се користи во акадамески истражувања, семинарски, дипломски, итн.

Но, Wikipedia најави нова опција која ќе има за цел да го зголеми кредибилитетот на содржините кои енциклопедијата ги нуди. Станува збор за интегрирање на систем на оценување на содржините, кој ќе им овозможи на посетителите да оценат од еден до пет дали содржината која читаат е веродостојна, објективна, комплетна, и се разбира да го оценат квалитетот на текстот. Исто така имате и можност да се претставите како експерт за содржината што сте ја оцениле. Оваа опција веќе ја има на 100.000 Wikipedia страници и полека се додава на останатите, но за сега е резервирана само за англиските содржини.

Една од подолгите „стратешки цели“ како што вели Wikipedia на својот блог, е да се зголеми и бројот на активни контрибутори на енциклопедијата. Според енциклопедијата, фидбекот ќе им помогне на уредниците да ја сфатат важноста на нивното придонесување и да ги мотивира. Рејтингот се прикажува и како покана на уредникот за да го поттикне да направи промени или да го поправи текстот.

Претходно Wikipedia додаде WikiLove копче, чија цел е, како што самото име кажува, да се покаже љубов кон оние кои што придонесуваат во креирањето на нови содржини и ги уредуваат веќе постоечките. Ова копче ќе ги стимулира сите оние кои придонесуваат во работата и одржувањето на Wikipedia, бидејќи секој сака да биде пофален за својата работа и да се цени трудот кој го вложува.

Што мислите за новите додатоци, дали ќе ја подобри веродостојноста на содржините кои Wikipedia ги нуди?

1 коментар на “Wikipedia стартува рејтинг систем на содржината

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии