Wikipedia oвозможи експортирање на содржина за офлајн читање на мобилен

Wikipedia сега овозможува да креирате свои енциклопедии со содржините кои ви се допаѓаат и потоа да ги предзмете во PDF или EPUB формат. Ако сакате можете и да ги испратите овие книги на печатење па потоа да ги добиете по пошта. Електронската верзија на енциклопедиите е бесплатна, а хартиените верзии се плаќаат.

Засега мал недостаток е што креирање на книгите е достапно единствено за англиската верзија на страната, но нема причина во блиска иднина да биде достапна и на останатите страни. EPUB експортирањето е овозможено од истата компанија која нуди печатење на книги со содржини од Wikipedia.

Креирањето на книгите е едноставно, а Wikipedia овозможува и повеќе начини за додавање содржини.

  1. Стартување на креаторот на книги – Од левата страна во менито „Print/Export“ одберете „Create a book“. Доколку веќе сте започнале со креирање на книга Wikipedia ќе ве праша дали сакате да продолжите со нова енциклопедиа или да продолжите со старата. Одберете „Start book creator“.
  2. Додавање на содржини – По стартувањето на креаторот на почетокот на страната ќе забележите нова функција, со одбирање на „Add this page to…“ содржината се додава во книгата. Содржини може да додавате и од линковите, со лебдење над нив и одбирање на „Add linked wiki page…, но  можете да го искористите и „Suggest pages“ што овозможува едноставно додавање на повеќе содржини. Ако сакате да одберете цела категорија ќе притиснете врз „Categories“ копчето и ќе одберете „Add Category“.
  3. Преземање на енциклопедијата – Откако ќе завршите со додавање на содржини во енциколопедијата, одберете „Show Book“ од креаторот или од „Print/Export“ менито одберете „Printable version“. На овој екран ќе можете да ги прередите содржините, да избришете некои кои не ви се допаѓаат или  да ја разгледате енциклопедијата пред да ја предземете. Тука може да одберете дали содржините ќе ги предземете како PDF или E-book. Освен ова тука се наоѓаат и полињата каде се именува книгата.
  4. Ставете ја книгата на вашиот таблет компјутер или телефон и читајте!

[youtube]D1K03AZfpDM[/youtube]

2 коментари на “Wikipedia oвозможи експортирање на содржина за офлајн читање на мобилен

    1. Предземањето на вака креирани документи е целосно бесплатно, единствено се наплаќа ако сакате да PediaPress да ја испечати книгата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии