Wikipedia ќе користи вештачка интелигенција против вандализмот

Wikipedia започна да користи вештачка интелегенција за да открие лажни статии. Алгоритмот кој го користи енциклопедијата овозможува споредба на утврдена пракса на вандализам, а потоа ваквите статии ќе ги испрати до волонтерите на разгледување, вели Арон Халфкер за Wired.

Системот е наречен SciKit Learning и може да одреди кога некој корисник сака да уништи некоја статија, а кога станува збор за добронамерна промена. „Не мораме да ги означуваме доброманерните промени исто како и злонамерните,“ вели г.Халфкер. „Вандалите имаат навика да притискаат по тастатурата и не оставаат празен простор помеѓу буквите“.

Иако алгоритмот нема да успее да ги забележи сите обиди за вандалство, може да забележи дел од нив. Ова би требало да ги обесхрабри злонамерниците и да ги охрабри волонтерите кои имаат интересни и точни информации за внесување.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии