Wikimedia, Human Rights Watch и Amnesty ja тужaт NSA заради прислушувањата

Wikimedia и повеќе групи започнаа судски процес против американската Националната агенција за безбедност (NSA) која стои зад масовното прислушување на интернет корисниците. Тужбата се однесува на нелегалното шпионирање, и како што велат од Wikimedia ова предизвика: повреда на правата на жителите на САД, нарушување на приватноста и доведува до помалку споделување на чувствителни информации на Интернет. Покрај Wikimedia тужбата е потпишана од Human Rights Watch, Amnesty International USA, NAtional Association of Criminal Defence Lawyers и Global Fund for Woman.

Тужбата е доставена до судот во Мериленд и потенцира дека: прислушувајќи ги оптичките кабли NSA работи против Уставот на САД, јави Reuters. Документите кои WIkimedia ќе ги презентира како докази главно се оние кои ги презентираше Едвард Сноуден.

„Со прислушување на бекбоун Интернет, NSA ја нарушува демократијата. Нападите врз бекбоун мрежата овозможуваат собирање на огромен број на податоци и прибирање подароци од граѓани кои не се оид истражни мерки“, јави Лила Тритиков од Wikimedia.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии