Kонтроверзниот сајт најави дека ќе ги суспендира објавувањата на доверливи документи се додека не си ги среди финансиите. Проблем за функционирање на сајтот е финансиската блокада на сервисите преку кои сајтот добиваше донации, што е 95 отсто од сите приходи на сајтот, вели основачот Џулијан Асанж кој сè уште е во притвор во Англија во исчекување на екстрадицијата во Шведска каде треба да биде суден за силување.

MasterCard, Visa, Western Union, Bank of America и PayPal ги блокираа сметките преку кои Wikileaks добиваше донации откако сајтот објави стотина илјади доверливи дипломатски документи на САД, претходно објавувајќи ги и доверливите документи за војните во Авганистан и Ирак, како и видеото „Колатерално убиство“.

Според г. Асанж кој одржа прес-конференција во Лондон во понеделник, доколку блокадата не се тргне до јануари Wikileaks и самата организација зад сајтот „едноставно не би можеле да продолжиме со работа“. Пред блокадата во 2010 година Wikileaks примаше по 100.000 долари месечно, но после блокадата само по 6-7.000 долари, вели тој.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии