Ваквите DDoS напади врз контроверзната Wikileaks се зачестија последниве неколку дена, откако Wikileaks објави над 250.000-те документи на американските дипломати.

Моментално сајтот со купот дипломатски документи функционира, и постепеното објавување продолжува. Се објавија уште два документи од над 780 кои ја споменуваат Македонија. Во документот со референца 09STATE62392 се споменува Македонија во контекст на односи со Бугарија, а во 08PARIS114 се вели дека спорот со името со Грција е сериозен проблем за проширување на NATO.

Во моментов функционира и официјалниот Wikileaks сајт со претходно објавениот „Ирачки воен дневник“.

Претходниот DDoS напад кој успеа за кратко да го сруши сајтот се случи за време на изминатиов викенд, на 28 ноември. Тогаш вината јавно ја презеде хакерот th3j35t3r (the jester aнг. за дворски шут) кој вели дека е поранешен член на американската армија и кој тогаш рече дека ги прави нападите бидејќи Wikileaks сака да „ги загрози животите на нашите трупи, ‘нашите имоти’ и странските односи“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии