Wikileaks остана без безбедносен софтвер; oтвори веб продaвница

Во својата книга, 32-годишниот германски програмер Домшеjт-Берг вели дека поранешните членови на Wikileaks го зеле со себе безбедносниот енкриптиран софтвер со кој се доставуваа доверливите документи до сајтот, со што Wikileaks e сега технички онеспособена да прима нови документи и да ги заштити изворите. Софтверот бил авторско дело на еден од поранешните членови, пишува Wired.

Адвокатот на Џулијан Асанж објави писмо во германскиот Der Spiegel во кое вели дека ќе оди на суд доколку не се врати софтверот, додавајќи дека „Wikileaks е во можност да работи. Wikileaks може безбедно да ги чува материјалите и да ги објавува.“

Wikileaks отвори своја веб продавница

Контроверзниот сајт стартуваше своја веб продавница со мајци, шољи и други брендирани производи. Продавницата е еден од обидите да се продолжи со собирање финансиски средства да се одржи Wikileaks кој до сега користеше донации. Но, со неодамнешното објавување на доверливи дипломатски документи, Visa, МasterCard и PayPal одлучија да не работат со Wikileaks, со што сајтот се соочи со проблем како да собира донации.

За жал за фановите на Wikileaks, продавницата не испорачува во Македонија.

1 коментар на “Wikileaks остана без безбедносен софтвер; oтвори веб продaвница

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии