Борејќи се за опстанок, собирајќи донации за да опстане како онлајн проект, WikiLeaks го потсети светот дека новите медиуми и интернетот се потребни во информирање за настаните, за подобрување на транспарентност и за демистифицирање на ПР моќта, како и за поттикнување на истражувачкото и граѓанско новинарство.

Имено, WikiLeaks објави видео добиено од анонимен извор во кое се гледа како американската војска пука врз цивили во два наврати. Прво сомневајќи се дека луѓето носат оружје војниците ги убиваат, за потоа да отворат оган и врз комбе со неоружани цивили кои се обидуваат да помогнат на еден повреден.

„Само земи оружје батка и се е готово.“, вели еден војник нишанејќи го повредениот и надевајќи се дека тој ќе се фати за оружје и со тоа ќе му даде оправдување да го доврши.

Се работи за настан во Багдад од 2007 година во кој се убиени 12 луѓе, меѓу кои и 2 новинари на Reuters, a се ранети и 2 деца. За овие убиства американската војска негираше дека се вмешани и одби да ја достави снимката од Apachi хеликоптерите до Reuters, одбивајќи го законот за слобода на информации.

[youtube]5rXPrfnU3G0[/youtube]

Иако објавувањето на ова видео се коси со законите на САД бидејќи се информации кои можат да ја нарушат безбедноста на војската, сепак моќта на WikiLeaks лежи во тоа што е онлајн медиум чии информации секој може да ги прочита и сподели. Добар пример за дофатот и споделувањето на информациите е Twitter.

Oд друга страна се работи за проект кој не е воден, едитиран од еден уредник туку секој може анонимно да постира доверливи информации и тајни кои потоа се разгледувани од мноштво новинари и луѓе од WikiLeaks. Изворите се штитат со помош на кодирање на пораките и со легални техники, велат од сајтот. Повеќе за проектот можете да прочитате на Wikipedia.

Подолу е видео од Џулијан Асанж, еден од основачите на WikiLeaks кој објаснува зошто е објавено видеото и дали се почитуваат конвенциите за војување.

2 коментари на “WikiLeaks објави видео за „колатерално убиство“ на ирачки цивили

    1. Погрешно е да се мисли дека технологијата и политиката не се поврзани. 6 од 10 најголеми брендови во светот се ИТ брендови. Мислиш дека нема политика во нивното работење?

      Што се однесува до конкретнава тема се работи за веб сајт, нов медиум и информација која допре до светот благодарение на виралноста на интернетот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии