WikiLeaks oбјави тајни документи за Транс-пацифичкото партнерство

На донесувањето на Транс-пацифичкото партнерство (TPP) не му недостасуваат контроверзии, пред се порaди тајноста на документите, но и обидот да останат во тајност пет години по нивното потпишување. Wikileaks пред една година ги објави податоците за договорот, кој, според New Republic, е поопасен отколку се шпекулираше.

Постојат три тајни договори, кои се комплиментарни еден на друг, за соработки помеѓу големите економии: Trans-Pacific Partnership, Trans-Atlantic and Investment Partnership и Trade in Services Agreement. WikiLeaks минатата недела објави 17 документи за Trade in Services Agreement (TiSA), во кои наведе дека договорот треба да го либерализира трговијата со услуги, но вели и дека опсегот на документацијата е премногу голем што претставува проблем. Во документите се преговара за воздушен и поморски транспорт, е-трговија, телекомуникациски услуги, сметководство, консултантски услуги, инженерство, здравство, приватно образвоание, финансиски услуги и уште многу други. Во договорот со кој се овозможува да се спојат двете големи економии на САД и Европската Унија, се вклучени уште 22 земји меѓу кои Јапонија, Турција, Тајван, Израел, Јужна Кореја и други. Но, изоставени се Бразил, Русија, Индија и Кина.

Европската комисија вели дека „TiSA цели кон либерализација и отвара на пазарите“, но Wikileaks критикува дека земјите-потписнички на соработката ќе имаат огромна моќ со која може да се контролираат пазарот. Иако договорот треба да овозможи недискриминција на странските услуги, TiSA сепак ќе постави ограничување како земјите се справуваат со свои регулации. Иако добар дел од објавените документи звучат на теорија на заговор за една светска влада, забележува New Republic, сепак со спогодбата ќе им се одврзат рацете на компаниите уште посериозно да влијаат на заканите кои се носат во државите, но и да оспорат некои од нив. Со договерените одредби во ТiSA ќе може да влиаје врз приватизација на јавни сектори во други држави.

Еден од членовите вели дека финансиските сервиси ќе можат да ги префрлаат податоците на своите клиенти од една во друга држава, без разлика со каков закон за приватност се заштитени во државата на потекло и државата во која ќе бидат префрлени. Пример, во документите постои и ставка дека Европската унија нема да може да спречи американски компании како Google и Facebook да складираат податоци на Европејци. Компаниите најверојатно ќе бидат далеку позадоволни од оваков пазар, но прашањето колку и дали воопшто треба да стравуваат работниците, е нејасно и отворено.