Wikileaks oбјави нови мејлови и извештаи за Македонија од аналитичари на Stratfor

Како дел од Global Intelligence Files составени од околу 5 милиони имејлови и дописки на аналитичари на Stratfor, Wikileaks oбјави нови стотина имејлови чија содржина на еден или друг начин е поврзана со Македонија и регионот.

Wikileaks до сега објави околу околу 6.700 имејлови и извештаи за Македонија, во кои може да се најдат неинтересни дописки помеѓу аналитичарите за секојдневната работа, но и неверојатни анализи за како македонските власти користат пропаганди за креирање на „македонизмот“. Во еден од извештаите се вели дека македонските делегации во Европа носат со себе една жена и еден албанец за да не излезат дека се сексисти или расисти. Другите имејлови, пак, содржат извештаи од медиуми за етнички расправии, од политички препукувања до вандализам, со кои аналитичарите проценуваат дали има опасност да прераснат во посериозни регионални инциденти.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии