Wikileaks објави лични имејл пораки на директорот на CIA

Тhe CIA Emails е нова објава од Wikileaks, во која се содржани документи и пораки украдени од личниот AOL мејл на директорот на Американската агенција за разузнавање (CIA), Џон Бренан. Хакнат е неговиот личен имејл, не професионалниот мејл кој го користи за работи поврзани со агенцијата, ниту пак има пораки кои се означени како „доверливи“. Но, во објавените 2.000 пораки може да се најде резимето на г. Бренан со кое аплицирал за функцијата директор на CIA; како и комуникација помеѓу високи функционери и дискусии за методите на CIA, вклучувајќи тортура.

Wikileaks не открива кој е напаѓачот што ги украл документите, иако има сомневање дека се работи за анонимен хакер кој неодамна даде интервју за New York Post. Хакерот, кој тврди дека е средношколец револтиран од лошата надворешна политика на САД кон Палестина, објасни за њујоршкиот весник дека користел социјален инженеринг за да ги излаже вработените во AOL за да му дадат пристап до мејловите.

CIA реагираше на објавата обвинувајќи ги Wikileaks дека ги украле документите со „злобна намера“ за да ги дистрибуираат на Интернет. „Овој напад е нешто што може да му се случи на секој, и треба да биде осуден, не промовиран. Нема никаква индикација дека документите се доверливи. Всушност, тоа се документи на приватен граѓанин со интерес за националната безбедност и експертизата која ја има“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии