Wikileaks објави доверливи документи на САД, има над 780 извештаи за Македонија

Во објавениот куп oд 251.287 документи, има документи кои датираат уште од 1966-та година па се до денес, и од нив 15.652 документи се одбележани како „тајни“. Има и 783 документи во кои се споменува Македонија.

Моментално има 220 објавени дипломатски документи од над 250-те илјади, а сите документи од Cablegate-oт ќе се објават во тек на следниве месеци, вели Wikileaks.

„Овие објавени документи ја откриваат контрадикторноста на јавното претставување на САД и тоа што се случува зад затворени врати – и покажува дека ако граѓаните во демократија сакаат нивната влада да ги рефлектираат нивните желби, тога тие треба да побараат да видат што се случува зад сцените.“, вели Wikileaks.

Меѓу моментално објавените има документ со референца 09PARIS1254 од 16 септември 2009-та г., во кој се вели дека нова грчка влада ќе придонесе кон решавање на спорот со името со Македонија.

„Македонија и Хрватска:
Има оптимизам дека нова грчка влада ќе биде „поцврста“ и ќе дозволи поголема флексибилност за прогрес со грчко-македонскиот спор за име. A/С Гордон се сложува дека поцврста конзервативна или социјалистичка влада ќе биде појак, пофлексибилен партнер во преговорите. Тој искажа мислење дека ако интернационалната заедница може да ја убеди Македонија да ја отфрли идејата за референдум и да ја убеди Грција да ја отфрли потребата за промена на пасошите, тогаш ќе има прогрес… септемвриските избори во Германија ќе дозволат на новата германска влада да биде поотворена за проширување на ЕУ со балканските земји.“

Во исчекување да се објават и останатите 782 извештаи кои ја споменуваат Македонија.

Ова е трето големо објавување на доверливи документи на Wikileaks, по „Авганистанскиот дневник“ и „Ирачкиот воен дневник“.

2 коментари на “Wikileaks објави доверливи документи на САД, има над 780 извештаи за Македонија

  1. Ovie 787 tajnini za Makedonija verojatno datiraat uste od vremeto na Woodvotf Wilson koj se zalagase za nezvisna Makeonija.Ke bide dobro da se iscepka nivnata sodrzina zosto tie se od sustinska vrednos za idninata na Makedonija oti ne slucajno e golem brojot na zemji koi go podrzuvaat Junanistan vo svoite naludnicavi nmeri.Junanistan ednas i si kaza zosto go pravi toa zosto greskite sto gi napravija golemite sili so Makedonija mozat da si gi popravat i Makedonija konecno da si bide vo svoite granici.Baska toa,tie mozat da bidat i materijal za gradenje strategija za nadvoresnata makedonska politika.VO sekoj slucaj nisto ne e nepromenlivo vo sekojdnevniot zivot pa taka i so vrakanjeto na teritoriite treba da gi ocekuvame vo najskoro vreme.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии