Wikileaks ќе објави пет милиони доверливи мејлови од безбедносната компанија Stratfor

Wikileaks започна со објавување на „Global Intellegence Files“. Првично се објавија околу 170 доверливи мејлови на безбедносната консултантска фирма Stratfor која е со седиште во Тексас, САД.

Stratfor, опишана како „приватна CIA“, подготвува безбедносни анализи за влади, војски, разурзнавачки агенции и големи компании. Клиент на Stratfor е и македонската влада.

Мејловите кои се украдени од хактивистите Anonymous во декември, и сега предадени за објавување на Wikileaks, содржат информации за работењето на Stratfor, нивни извештаи, извори на информации и друго, и датираат од јули 2004-та до декември 2011-та. Wikileaks вели дека соработува со 25 медиуми за да ги сподели информациите од мејловите.

Првите објавени стотина мејлови покажуваат дека агенти на Stratfor ги следеле Yes Men, контроверзни филмаџии кои го исмејуваат лицемерието на големите компании. Во мејловите исто така стојат доверливи преписки со аналитичарите на Stratfor кои откриваат дека владини службеници, политичари и новинари кои работеле како шпиони за фирмата, односно споделувале информации во замена за пари. Тука се вмешани и стотина службеници на NATO.

Wikileaks вели дека има и 4.000 имејл преписки во кои се споменува основачот на Wikileaks, Џулијан Асанж, кој моментално е во домашен притвор во Англија. Тој беше уапсен на тврдења дека силувал две жени во Шведска откако сајтот објави стотина илјади доверливи документи од американски дипломати.

Anonymous, хактивистите кои се зад пробивањето и кражбата од Stratfor, велат дека сите пет милиони мејлови се предадени на Wikileaks. По пробивањето во декември, FBI и британските власти уапсија неколку членови на групата.

 

Од другата страна, Stratfor ги обвини Wikileaks за нелегална активности. Приватната компанија вели дека ова е пробив на приватноста. Директорот на Stratfor си поднесе оставка веднаш по објавувањето на документите. Интересно, Anonymous го објавија неговото писмо за повлекување испратено до вработените во Stratfor, што значи дека безбедностана на компанијата не е на највисоко ниво.

3 коментари на “Wikileaks ќе објави пет милиони доверливи мејлови од безбедносната компанија Stratfor

      1. Моментално не можам да го најдам или уште не е објавени, но го има во листата на Stratfor – Confederation program…

        2/11/2011EurasiaMacedoniaMakFaxMarija Divitarovadivitarova[at]yahoo.comDeputy Editor in chiefMakFax in Macedonia expressed their interest in a partnership and we have sent them a contract and set up subscriptions for them

        2/22/2011EurasiaMacedoniaMakFaxMarija Divitarovadivitarova[at]yahoo.comDeputy Editor in chiefAgreement signed and finalized

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии