Wikileaks ги префрли серверите во нуклеарен бункер

Wikileaks е сајт кој објави број доверливи информации, последниoт „Авганистански дневник“ содржеше 92.000 документи за авганистанската војна. Сајтот е мета на неколку организации и на американските власти кои се обидуваат да го изгасат од страв дека ќе се објават други важни информации, како на пример уште 15.000 доверливи документи за авганистанската војна кои Wikileaks ги најави.

Нуклеарен бункер дефинитивно делува како сигурно место, серверите се подобро физички заштитени, но сите кои сакаат да го снема Wikileaks се обидуваат да го направат тоа преку законски мерки. Според директорот на Bahnhof, Џон Карлунг бункерот е повеќе како метафора за способноста на провајдерот.

„Интернетот треба да биде отворен извор за слободата на говор, и улогата на провајдерот е да биде неутрална технолошка алатка за пристап, не инструмент за собирање лични информации од корисниците.“ вели г. Карлунг за Forbes.

Подолу е видео од бункерот, а повеќе слики ќе најдете тука.

8 коментари на “Wikileaks ги префрли серверите во нуклеарен бункер

  1. Не постои бункер кој нема да го отвори наредба од суд.

    Не гледам која е целта на ваквиот потег, освен да се прави циркус, а Wikileaks сѐ повеќе прави циркус и штета, наместо вистински работи.
    Сетете се, на пример, на откривањето на „Џулиус Баер“ банката и нејзините тајни сметки на Кајманските острови.
    Дури, не би се обложил дека и „потерницата“ не беше наместена работа, само да се добие вниманието на јавноста. Зошто, не ги потценувајте способностите на американските тајни служби, ако навистина решат да го тргнат кловнот Асанџи.
    Мислам, кога може еден …. Маневски да мести такви работи кај нас, CIA може стопати повеќе …

  2. Нуклеарен бункер дефинитивно делува како сигурно место??? :) Fake, доста непрофесионално, чисто промашеток…
    Усвари знае ли некој кај се серверите пример на Facebook? или пак на Google? на интернет има доста, ај да речам прогнози, (не)официјални места каде би можеле или би требало да се серверите на ваквите гиганти.
    Па нели Wikileaks е сајт којшто објавува доверливи документи и скоро секој од "големите" го мерка и сака да го хакне, обори или сл.?? Зашто тогаш ја објавуваат оваа информација? Стварно не разбирлива работа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии