Wikileaks: Власта користи државни институции да влее страв

„Владата користи обвинувања за корупција за ‘злоупотреба на функцијата’ или ‘несоодветно однесување како службеник’ против членови на политичката елита во Македонија. Високо рекламирани апсења, притворувања и истраги за сегашни и поранешни министри, партиски членови и членови на опозицијата ја ставија под притисок политичката елита во Македонија да се задржи од противење и критикување на владата на Груевски“, се вели во документот 09SKOPJE601.

Овој документ наликува на многуте доверливи дипломатски документи, над 400-те илјади кои Wikileaks ги пушта постепено од ноември 2010-та. Тоа што треба да се напомене е дека конкретниот документ – 09SKOPJE601 – е објавен од Balkanleaks.eu, кои велат дека е децентрализирана инфраструктура на Wikileaks, но истиот документ сè уште не се појавил на официјалната страна на Wikileaks, односно последниот документ кој доаѓа од амбасадата во Скопје е од 30-ти мај. Документот е потврден дека е виден и од Euractiv.com, но и тие линкаат до Balkanleaks.eu. Доколку се појави на официјалниот сајт тогаш ќе може се потврди со сигурност дека е од Wikileaks, односно дека се работи за еден од купиштата доверливи документи од американски димпломати.

Во документот од 2009-та најмногу внимание се обрнува на апсењето на Ѓорѓи Тренковски, поранешен менаџер на Фондот за здравство пишувајќи дека бил уапсен поради неговото несогласување со власта.

„Апсењето се случи на улица со медиумите ‘згодно’ во близина – беше јасно дека на одбрани ‘пријателски-кон-владата’ медиуми им беше кажано дека ќе се случи апсењето. Новините го означија Тренкоски како корумпиран и ја продолжија приказната откако тој беше собран од полицијата.“

11 коментари на “Wikileaks: Власта користи државни институции да влее страв

  1. Добро бе ова беше сајт кој не се бави со политика…. а не фаворизиеање одредена парти во даден моемент.(немојте да велите дека не е така – затоа што ве следам одамна и никогаш не сте имале ваква објава, а сега на избори ваков наслов) патем, што има оваа статија со информатичките технологиии сем дека е објавена на интернет????….. ве бришам од букмаркс :(

    1. Сите случувања со Wikileaks ги следиме уште многу одамна, така да ова не е нешто чудно да објавиме. Верувам дека хакери, користење на енкрипцијам, користење на интернет како медиум за објавуање на суров материја за кој и самиот татко на Вебот Бернерс Ли зборуваше дека е потребно, пред се заради семантичкиот веб, итн итн… сето тоа е поврзано со Викиликс.

      Зошто и дали е намерсно за избори објавено ова од страна на Викиликс не ме интересира, поентата е дека интернет феномен влијае многу и врз .мк општеството.

      1. Многу бев прецизен дека сем е објавен документот на викиликс нема никаков допир со информациите што ги презентирате, Доколку имаше објаснување за како се добиени податоците и само диртектен линк до тие страни или пак доколу имаше некаде податок дека власта го користи интеренетот или слични технологии за влевање страв тогаш држи вода, во овој случај е само политички текст напишан во даден момент.

        п.с. Ставот и кометнарот ми е од револт бидејки и како за себе сметав дека оваа страна не фаворизира и не се бави со дневно политички настани.

    1. Па не, WikiLeaks вчера потврди дека е оригинален документ, а на тврдењета на македонската влада одговорија прилично остро преку Twitter – Macedonian government lies to its people over WIkiLeaks. It will fail like all the rest. http://wlcentral.org/node/1841

  2. “желбата за сензационалност” – ха, повеќе е коментарот. :) Се работи за да насловот се фати во 3 реда на почетна… да биде покомпактен, текстот ќе објасни се (иако мission failed, 4 реда е насловот токму поради обид да нема недоразбирања). Всушност документот доаѓа од Wikileaks, не сме сигурни 100% дека е од амбасадата на Сад нели? Всушност се уште не може да се најде на Wikileaks, untill then…

  3. Ја сфаќам желбата за сензационалност, но Викиликс: наслов – би значело дека викиликс вели тоа што е објавно. Но, не е така. Амбасадата на САД го вели тоа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии