Wi-fi на стероиди!?

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Google деновиве се придружи на Microsoft и Dell во лобирањето кон Федералната комисија за комуникации за ослободување и одобрување за користење на неупотребените ТВ канали од приватни апарати. Овие канали попознати како "бели или празни места" се добри бидејќи се простираат на големи дистанци и може да поминуваат низ разни пречки, а најважно е што имаат капацитет за побрз трансфер на податоци од интернет сервисите кои се користат во моментот.

Денеска Google го најави овој потег објаснувајќи дека планира до средината на 2009 година да го воспостави новиот сервис од Њујорк до Северна Дакота со кој корисниците ќе може да сурфаат од своите рачни уреди со брзини од неколку гигабајти во секунда или како што Ричард Ват, советникот за комуникации го нарече новиот сервис "Wi-Fi на стероиди" односно "Wi-Fi 2.0".

Google во долгото писмо што го испрати до Федералната комисија за комуникации се обиде да објасни дека новите уреди нема да наштетат на постоечките телевизиски куќи и други ТВ емитувачи како и на произведувачите на микрофони во што истите се сомневаат и тврдат дека ќе се појават штетни прекини.

Ват изјави и дека Google не е заинтересиран за започнување своја сопствена мрежа ниту влегување на големо во оваа индустрија и нудење безжични сервиси, туку дека ова го прави за доброто на сите и дека е прав момент за искористување на овие "бели/празни места" со што Америка подобро би ја осетила ползата од безжичната технологија. Во сево ова го вметна и "open-source" проектот во кој се вклучени 34 компании и кој развива Андроидна платформа и напомена дека новите Андроид алакти ќе бидат користени за "Wi-Fi на стероиди" сервисот. Истите се очекува Google да ги објави во јавноста до крајот на годинава.

Доколку одобрено, воспоставувањето на овој сервис ќе се случи најрано кон крајот на 2009 година бидејќи сеуште се разгледуваат и развиваат доказите кои ќе гарантираат имплементација која нема да наштети никому.

Во моментот Google објаснува дека соработувајќи со Motorola развиле концепт со кој ќе се избегне штетната интерференција која по се изгледа е единствен поголем проблем во целиот случај. Имено секој нов уред кој ќе сака да ги користи овие "бели/празни места" нема да ја има можноста се додека не добие одобрувачка порака. Безжичните микрофони исто така ќе бидат на некој начин заштитени така што ќе им биде испраќана порака да не пристапуваат. Исто така ќе има и еден вид "сигурна зона" на каналите меѓу 37 – 39 каналите каде овие апарати нема да имаат пристап и дека истата ќе биде резервирана за безжичните микрофони и другите лиценцирани уреди. Како и дека проверка на секој нов уред кој ќе сака да го нуди сервисот ќе мора првин да биде одобрен директно од Федералната комисија за комуникации.

Google дури понуди и техничка подршка за други компании кои ќе сакаат да се влучат во овој бизнис.
Другите страни сеуште се немаат изјаснето за целата иницијатива.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии