WhoCrashed ќе ви помогне да ги откриете проблемите во вашето PC

Две работи можат да ви го качат притисокот за дел од секунда. Помислата за плаќање сметки и моментот кога ќе сфатите дека не можете да завршите нешто на компјутерот поради неочекувани проблеми во форма на мрзнење, исклучување или, пу-пу, плавиот екран на смртта.

Прво нешто што би можеле да помислите во тој момент е дека треба да најдете кој е виновникот за проблемите со вашиот компјутер. Обично, ставање нов хардвер или инсталирање некој програм би можело да алудира на изворот на вашите фрустрации, но тоа не е секогаш случајот и пред да направите нешто драстично, искористете ги потенцијалите на WhoCrashed. Со оваа алатка, можете да пробате да ги идентификувате лошите драјвери кои се одговорни за паѓањето на системот. По покренување на програмот, кликнете на Analyse и дајте му време на програмот да го пронајде проблемот и да понуди неколку начини за негово отстранување.

Најновата верзија на WhoCrashed ја подобрува компатибилноста со Windows 10, но и ја проширува корисноста со воведување подетални анализи и поддршка за напредно пребарување на извештаите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии