По неколку месечното планирање и разгледување на опциите, техничкиот тим на Белата Куќа одлучи дека Drupal е соодветната замена за досегашниот CMS кој според нив не ги задоволувал повеќе потребите. Претходната верзија на WhiteHouse.gov работеше на приватен и специјално создаден софтвер од General Dynamics Information Technology (GDIT), една од компаниите задолжена за оддржување на владините веб сајтови.

Drupal е бесплатен и отворен софтвер за менаџмент на онлајн содржини објавен во 2001 од страна на Драјс Бујтаерт. Drupal е изработен во PHP и дистрибуиран преку GNU GPL лиценцата. Drupal заедницата која постојано го усовршува кодот брои повеќе од 2000 луѓе, додека бројот на корисници кои го користат Drupal за својот сајт, блог или портал е поголем од 550.000 илјади.

“Големи и возбудливи вести! Ова е голем ден за Drupal, за слободниот софтвер и за сите во заедницата кои треба да се гордееме. Drupal одлично ќе се приспособи на потребите на претседателот Барак Обама да ги намали трошоците и да овозможи брзо реагирање во поглед на објавувањето. Флексибилноста на Drupal и неговата модуларност овозможуваат на организациите брзо да создаваат сајтови и значајно да ги намали трошоците потребни за тоа.”, Драјс Бујтаерт гордо напиша на својот блог.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии