WhatsApp забележа рекордно испраќање на пораки во последниот ден од 2012-та

Популарниот мобилен месинџер, WhatsApp, објави дека во последниот ден од претходната година е забележано рекордно испраќање на пораки. Бројката на испратени пораки тој ден е 18 милијарди, што е за 8 милијарди повеќе отколку претходниот рекорд.

Сервисот вели дека 7 милијарди пораки се испратени, додека 11 милијарди се испорачани. Разликата помеѓу овие две категории е групниот чет, па доколку една порака е испратена во група од 10 луѓе, тогаш тогаш се брои како 1 испратена порака, а 10 примени. Колку за споредба, iMessage сервисот на Apple дневно генерира околу една милијарда пораки.

Инаку, WhatsApp има склучено договор со операторот Three во Хонг Конг, со што на корисниците им нудат беспрекорно користење на овој сервис, а во претходната година имаше и шпекулации дека WhatsApp ќе биде купен од Facebook.

3 коментари на “WhatsApp забележа рекордно испраќање на пораки во последниот ден од 2012-та

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии