WhatsApp за iOS е бесплатна за празниците

WhatsApp, популарната апликација за праќање пораки преку различни мобилни платформи, сега е бесплатна и за iOS. Компанијата ја тргна цената од 1 долар за време на празниците со цел да привлече што е можно повеќе корисници, наместо да ги изгубат кај други бесплатни апликации што нудат исти услуги. Стратегијата на WhatsApp е да се искористат празниците кога голем број на корисниците ќе го купат новиот iPhone 5.

WhatsApp е бесплатна и за Android, WindowsPhone И другите платформи, но доаѓа со бесплатна една година, потоа се плаќа 1 долар годишно. Заради ова претплата WhatsApp е попопуларна на iOS каде тој долар се плаќа еднократно. Сега со бесплатната промоција станува уште една одлична алатка, која според WhatsApp не е „убиец на SMS пораките“, но е доволно добра за комуникација за да ги замени. Пример, во август апликацијата забележа рекордни 10 милијарди пораки на ден!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии