WhatsApp негира дека ќе премине во рацете на Google

Борис Кузманов

во Мобилни

Ниреј Арора, кој е одговорен за бизнис развојот на WhatsApp, за AllThingsD изјави дека од компанијата немале никакви преговори со Google за продавање на својот сервис. За тие што не се упатени, во текот на претходниот период се појавија шпекулации дека Google веќе подолго време се договара со WhatsApp, а од компанијата одбиваат да коментираат детали. Исто така, при крајот на минатата година, WhatsApp се поврзуваше со Facebook, но на крај ништо не испадна од тоа.

WhatsApp е една од популарните платформи за бесплатно испраќање на пораки преку паметните телефони. Покрај стандардните текст пораки, овозможува и испраќање на фотографии, видео, аудио и споделување на локацијата. WhatsApp е достапна за сите мобилни платформи по цена од 0,99 долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии