WhatsApp има над 800 милиони корисници секој месец, ита кон милијардата

Над 800 милиони корисници секој месец го користат WhatsApp доколку темпото со кое корисниците се приклучуват продолжи очекувањата се дека до крајот на 2015 година, бројот на активни корисници на платформата ќе надмине милијарда.

Објавата дојде на Facebook профилот на Јан Коум, директор и коосновач на WhatsApp, а во неа г. Коум потсети дека бројот на регистрирани корисници е поголем. WhatsApp од минатата година е во сопственост на Facebook, платен со неверојатни 12 милијарди долари, а и втората апликација на друштвената мрежа за текст пораки, Facebook Messenger надминува 600 милиони корисници.

WhatsApp – now serving 800,000,000 monthly active users. Reminder for the press out there: active and registered users are not the same thing :)

Posted by Jan Koum on Friday, April 17, 2015

WhatsApp и неколку слични апликации како Viber или Line, овозможуваат испраќање пораки помеѓу корисниците без притоа да треба да се плати за плаќање SMS пораки и со својата популарност покажуваат дека времето на СМС пораки е веќе завршено. За да можат нивните корисници да испраќаат пораки кога сакаат и од каде сакаат сервисот изработи и веб апликација, која овозможува праќање на пораки преку веб-клиент. WhatsApp има многу повеќе корисници од конкуренцијата, иако апликацијта е една од ретките која нема бесплатна верзија.

2 коментари на “WhatsApp има над 800 милиони корисници секој месец, ита кон милијардата

  1. WhatsApp има многу повеќе корисници од конкуренцијата, вклучувајќи го и Facebook Messenger, иако апликацијта е една од ретките која нема бесплатна верзија, и која се монетаризира преку реклами.

    Сакаш да кажиш:
    ИМА бесплатна верзија (меѓутоа се плаќа еден долар годишно или околу пеесетина денари, иако често пати автоматски се продолжува претплатата без да плати корисникот)
    и која НЕ се монетаризира преку реклами.

    1. Да во право си, требаше да стои: „WhatsApp има многу повеќе корисници од конкуренцијата, иако апликацијта е една од ретките која нема бесплатна верзија, која би се монетаризирала преку реклами.". Благодарам

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии