WhatsApp имплементира енкрипција за милијарда корисници

Еден од најголемите чет сервиси, WhatsApp, му ја искомплицира работата на американското FBI со имплементација на end-to-end криптирање. Наместо да чека да влезе во спор со FBI, за на крај да им биде пробиен сервисот, како што се случи со Apple iPhone, WhatsApp се реши да ја заштити приватноста на милијарда свои корисници на iOS и Android.

„Отсега кога вие и некој од вашите контакти ќе ја користите најновата верзија на апликацијата, секој повик, секоја порака, фотографија, видео порака која ја споделувате е end-to-end криптирана, вклучувајќи ги и групните разговори“, вели WhatsApp.

Енкрипцијата значи дека од сега сите пораки кои се испраќаат преку апликацијата ќе можат да бидат прочитани единствено до оној на кој му се наменети. Никој, ниту хакери, ниту државни агенции, ниту WhatsApp, нема да знае што има во пораките. „Живееме во свет во кој сѐ повеќе податоци се дигитализирани. Секој ден гледаме стории за неовластен пристап до податоците. Ако не направиме нешто, многу од податоците на луѓето и комуникациите ќе бидат во опасност од напади во иднина“, велат од апликацијата.

Без сомневање потегот ќе предизвика нови главоболки за истражните и разузнавачките агенции насекаде. Сепак, изгледа дека државните агенции нема да престанат во својата настојчивост да добијат пристап до сите податоци. Можеби на крај end-to-end енкрипцијата на WhatsApp е само добар маркетинг трик кој ќе привлече повеќе корисници, но тешко дека ќе ги сопре државните служби. Доверливите документи од NSA се добар пример за екстремите до кои ќе отидат властите за контрола на податоците.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии