WhatsApp дозволува да испраќате приватни работи кои можат да бидат видени само еднаш

Мартин Јованчевски

во Вести

Од неодамна, WhatApp апликацијата се поднови со исклучително корисна функција која ви дозволува да испраќате фотографии и видеа кои ќе исчезнат од четот откако ќе бидат отворени, односно видени од примателот. На овој начин, ваквата мултимедијална содржина нити може да биде сочувана нити препратена до некој друг. Барем не со стандардните методи.

Имено, примателот и понатаму може да направи скриншот или screen record на содржината пред истата да исчезне. Во случај да направи такво нешто, нема опција вие да бидете известени за тоа, што значи дека сепак треба да се практикува и користи кон доверливи луѓе.

Во случај да вака-испратената содржина не се прочита во наредните 14 дена, истата ќе биде отстранета од четот по истекот на времето.

Повеќе информации можете да дознаете на официјалниот блог.

1 коментар на “WhatsApp дозволува да испраќате приватни работи кои можат да бидат видени само еднаш

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии