WhatsApp има над 1 милијарда корисници, како и Gmail

Facebook и Google се едни од ретките компании кои имаат неколку сервиси со над милијарда корисници. Gmail е најновиот сервис кој ја надмина оваа бројка и им се приклучи на: пребарувачот на Google, Android, Chrome, Google Play, Google Maps и YouTube. Со ова Google е можеби единствената компанија која може да се пофали дека седум од нивните сервиси надминуваат милијарда корисници. На последното мерење во мај лани имејл сервисот имаше околу 900 милиони корисници, вели Verge. Но, нема податоци колку од овие корисници се всушност активни во користењето.

За разлика од Google, Facebook има само два сервиси со над милијарда корисници, социјалната мрежа и од неодамна апликацијата WhatsApp. Кога Facebook во 2014-та го купи WhatsApp за неверојатни 19 милијарди долари, апликацијата имаше околу 450 милиони корисници. Денес ја надминаа бројката од една милијарда корисници. Интересно е што WhatsApp дневно се користи за испраќање на 42 милијарди пораки, а за споредба сите телекоми заедно во денот опслужуваат околу 20 милијарди пораки.

Останатите сервиси на Facebook најблиску до милијардата е Facebook Messenger со околу 800 милиони и Instagram со 400 милиони. WhatsApp од неодамна е бесплатна за сите, но барем засега е нејасно дали и колкав удел ова има со достигнувањето до милијарда корисници.

All Telekoms combined send around 20bn SMS a day.WhatsApp is now doing 42bn. With 57 engineers.

Posted by Mitko Cabevski on Tuesday, 2 February 2016

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии