What Remains of Edith Finch ќе биде бесплатна на Epic

What Remains of Edith Finch e една од оние ретки игри во кои се крие неверојатна моќ за раскажување приказна. Она што ќе го доживеете во насловот се заканува да остане со вас долго откако ќе ја завршите играта. Во 2017 година, What Remains of Edith Finch собра бројни награди и ги импресионираше и критичарите и гејмерите. На Steam, играта ужива во планина од позитивни рецензии, а на Metacritic ѝ се доделуваат 88 поени. What Remains of Edith Finch чини 20 евра, но, стрпете се уште некој ден и нема да морате да потрошите ни денар.

Од 10 до 25 јануари, What Remains of Edith Finch ќе биде бесплатна на Epic Store, најновиот играч во ланецот од продавници на дигитални игри и еден од најголемите конкуренти на Steam. Прочитајте зошто е тоа така – тука!

What Remains of Edith Finch е третата игра која бесплатно се доделува на сите гејмери кои ќе решат да ја проверат оваа платформа. Првата игра беше Subnautica, а втората Super Meat Boy. Во случај да побрзате, Super Meat Boy и понатаму е бесплатна на Epic Store.

Epic Store планира да подарува по две игри месечно во првата година од нејзиното постоење. Останува да се види дали и во преостанатиот период ќе се задржи истата пракса со нудење квалитетни игри.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии