Идејата на WeLrn е едноставна. Иако македонскиот стартап влегува на пазар на кој има огромна конкуренција, сепак влегува со добар план – наместо долги академски предавања како што прават Coursera и другите едукативни платформи, WeLrn ќе се фокусира на кратки онлајн курсеви за унапредување на практичното знаење.

Кратки курсеви можеби се попрагматична идеја, посебно што ќе се користи gamification метод за да се ангажираат студентите, објаснува основачот Петар Ниновски. Кратките курсевите по 20-тина минути ќе може да ги предава секој што има практични вештини, а за возврат ќе добие поголем процент од месечното членство што ќе го плаќаат студентите.

Стартапот веќе има добар почеток. За само една година од идеја претставена на Startup Weekend Skopje, WeLrn израсна во компанија која привлече инвестиција од македонски инвеститори, што е реткост на македонската стартап сцена. Но, од CEED клубот на бизнис ангели, кој беше формиран во 2013-та година, очигледно веруваат во потенцијалот на овој стартап кој на почеток ќе го таргетира европскиот пазар, со крајна цел да дојде до САД. И на двата континенти има луѓе кои мора да си ги унапредат вештините за да дојдат до вработување или да ја унапредат кариерата.

„Главни корисници очекуваме да ни бидат возрасни, вработени луѓе, со релативно зафатени распореди кои бараат да стекнат нови технички или деловни вештини со цел унапредување на нивните кариери“, вели Петар.

Петар не сакаше да открие за колкава инвестиција станува збор. Тоа што знаеме е дека е сервисот е во подготовки да стартува во октомври. Ќе почнат со маркетинг да привлечат корисници преку статии и блогови, и потоа ќе ги таргетираат инструкторите. Клучот на успехот на WeLrn е во желбата на инструкторите да заработуваат преку сервисот. Колку подобри и помотивирани инструктори, толку повеќе студенти ќе има. Петар вели дека на инструкторите ќе им понудат и процент за секој студент што ќе го донесат, што би требало да биде поттик да се ангажираат околу платформата.

2 коментари на “WeLrn е македонска едукативна платформа за практично знаење

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии