Wello е медициска футрола за iPhone која ви го следи пулсот, притисокот и температурата

Wello е футрола за iPhone koja доаѓа со куп сензори и го претвора iPhonе во медицински уред со кој ќе се овозможи едноставно отчитување на виталните знаци. Сензорите овозможуваат отчитување на пулсот, притисокот, температурата, заситеноста на крвта со кислород, приказ на ЕКГ на дисплејот на телефонот, па дури може да го измери и капацитетот на балите дробови на корисниците. Уредот ќе чини 200 долари, а ќе биде компатибилен со iPhone 4S, iPhone 5 и iPhone 5S. Футролата може да се користи и со Android 4.4 телефоните со BLE, а на останатие телефони работи како посебен уред кој не се интегрира со телефонот.

„Го направивме Wello многу, многу едноставен за користење. За сите кои не се запознаени со технологијата, како мојата баба на пример – се што треба да направат е да ја ставаt футролата и да ги стават прстите на сензорите, да почекаат неколку секунди и резултатите можат да бидат споделени со секој“, вели директорот на компанијата Хамиш Пател за The Next Web.

[youtube]3c6QdNhy1Aw[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии