WeCliqued е нов сервис за онлајн курсеви на хрватската компанија Drap

WeCliqued е онлајн платформа за учење чија цел е да им помогне на сите да учат во друштво. Идејата е да биде надминат еден од најголемите недостатоци на онлајн курсевите, недостатокот на друштво. Првиот курс на платформата ќе биде бесплатен, а ќе биде „Машинско учење“.

wecliqued

Навидум ова можеби изгледа како мал проблем, но немањето некој за споделување на дилемите може да биде сериозен недостаток. Ова пред сѐ важи за курсевите кои се посложени и потешки за разбирање и учење.

Своевремено неколку од нас од Загреб, се запишавме на „The Future of Storytelling“ курс на Iversity. Почнавме да се договараме да се сретнеме и заеднички да го слушаме. Ниако не успеавме да се договориме за термин и на крај сите го одолговлечивме курсот.

Квалитетот и изборот на идеи кои може да се пронајдат на онјан платформите е неверојатен, но недоволно искористен. Единствен проблем кој јас го гледам е што не постои одреден термин и место на кое треба да бидете и на крај ова секогаш го одлагате. Другиот проблем е што, кога ќе заглавите, се срамите да ги прашате пред целиот Интернет. Ова се проблеми кои сакаме да ги надминеме.“, вели Давор Рунње од Drap за Netokracija.

Првиот курс е соработка на WeCliqued и HUB385 Academy и е базиран на курсот од Универзитетот Станфорд на Coursera.

Иако посетитите на просториите во Загреб се предалеку за луѓето од Македонија, ова сепак е одлична идеја која може да се имплементира и тука. Бројот на „хабови“ кои имаат слободен простор, како и акцелератори кои имаат простор не е мал, а тука се локациите кои нудат „coworking“ простор.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии