Спонзориран текст

Web Factory станува официјален партнер и инвеститор во AkoniHub London

Спонзорирано од Webfactory

во ИТ.МК, Спонзорирани

Во текот на изминатите 11 години, Web Factory како една од најуспешните македонски ИТ компании, успешно ја подобрува ефикасноста и ефективноста на своите клиенти ширум светот, во Јапонија, САД, Велика Британија и ширум Европа. Тие играат клучна улога за бизниси низ целиот свет како партнер за софтверски решенија.

Пред неколку денови, тие објавија дека нивната работа и искуство кое го стекнаа низ годините, ги доведе до нивното најново интернационално партнерство:

Web Factory станува официјален партнер и инвеститор во AkoniHub London [иновативна и наградувана Fintech компанија].

Преку блиската соработка со Акони како нивен партнер за софтверски решенија во последните 3 години, тие го увиделе потенцијалот и загарантираниот успех и раст на овој иновативен и признаен Fintech продукт.

Ние силно веруваме во нашите клиенти, партнери и нивните иновативни решенија и со нашата експертиза им помагаме во развојот. Нашата инвестиција во бизнисот на Акони ја истакнува нашата доверба во нивниот иден успех.

Зошто е важно да инвестирате во производите на вашиот клиент?

Ние веруваме дека фокусирањето на целата наша енергија и напори да ја направиме нашата компанија успешна, едноставно не е доволно. Со цел да создадеме иновации и да направиме разлика во дигиталниот свет, ние веруваме дека како компанија, подеднакво е важно да придонесеме за развој, раст и одржливост на нашите клиенти и нивните бизниси.

Зошто инвестиравме во Акони?

Оваа инвестиција дојде природно и ја препознавме како можност за нашата ИТ компанија. Исто како и планот за раст на нашата компанија: стабилен, паметен и планиран, ние секогаш го земаме предвид тимот што стои зад бизнисот и ги разгледуваме нивните можности, како и нивната мотивација да лансираат производ на глобален пазар. Слично на стратегијата на нашата компанија, ние првенствено инвестираме во луѓе а понатаму и во нивните идеи.

Кога за прв пат се сретнавме со сопствениците на Акони, разговаравме за потенцијална соработка и веднаш ја препознавме нивната страст, долгогодишно искуство, познавање на индустријата и нивниот енормен ентузијазам да направат разлика во Fintech светот во Велика Британија. Најпрвин им беше потребен мал, но сигурен ИТ тим кој ќе биде вграден во нивниот тим и ќе им помогне да ги исполнат сите деловни цели. Тие ги препознаа квалитетниот тим, културата на компанијата и заклучија дека им одговараме многу.

Погледнете го интервјуто со Панос Савас, коосновач на Акони и CTO, во кое тој зборува за нивната соработка.

Акони, заедно со тимот на Web Factory, фундаментално го менува начинот на деловното банкарство во Велика Британија и овозможува дигитални финансиски услуги, користејќи податоци за да создаде персонализирано и прилагодено искуство за финансиски советници, мали и средни претпријатија.

Што е Акони?

Промена на начинот на управување со готовина Акони

https://webfactory.mk/projects/akoni-fintech

Досега, тие беа избрани меѓу 12 победнички Fintech компании за да ја унапредат иднината на банкарството за МСП во Велика Британија. Како иновативна компанија, тие се признати и наградени од BBVA, Forbes, Nesta, Fintech Influencers и многу други.

Заедно со Акони, сигурни сме дека Отвореното банкарство и Отворените податоци го унапредуваат модерното менаџирање со финансии, ги персонализираат и демократизираат финансиските услуги за сите.

Со нетрпение очекуваме да го видиме идниот успех на развојот и растот на платформата во светот на Fintech, на глобално ниво. Силно веруваме дека Акони може да постигне неверојатен успех во светот на Fintech и ќе продолжиме да им помагаме и да ги поддржуваме да постигнат многу повеќе.


Напомена: Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Web Factory. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку и вие сте заинтересирани за објавување на промотивен текст за вашата компанија или производ, кликнете тука

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии