Надополнето: WCG наградна игра заврши

Додека ENTiTY го чекаат својот прв натпревар и почетокот на најголемиот настан за гејмерите во Лос Анџелес, САД, ние ја подготвивме првата наградна игра во која вие треба да погодите кој ќе биде победникот на WCG во дисциплината/играта Counter-Strike. Тој што точно ќе го погоди победникот, ќе го добие гејминг глувчето Ferret од реномираната германска компанија Speed-Link (подолу ќе можете да прочитате повеќе за овој гејминг производ).

Играта т.е погаѓањето трае до четврток 22:00 часот кога започнува Counter-Strike натпреварувањето. На наградната игра може да игра секој со едно правило, во коментарите на овој текст каде ќе го погодува победникот да биде најавен преку својот Facebook профил.

Сите коментари кои нема да бидат поврзани со Facebook како и оние коментари за кои ние сметаме дека се невалидни, фалсификувани и сл. ќе бидат избришани. Ве молиме коментарите да го содржат само името на тимот кој вие мислите дека ќе победи, сите други коментари ќе бидат избришани. Во случај на повеќе точни одговори или ниеден точен, од тие групи на одговори random ќе биде извлечен победникот со помош на програма и видеото ќе биде објавено на Youtube. Во иднина ќе има повеќе вакви наградни игри; поголем број и поквалитетни награди од истата фирма но и други реномирани гејминг брендови.

Листата на екипи во Counter-Strike на WCG ја имате на следниов линк како и можноста да видите кои играчи ги претставуваат тимовите.

Точниот победник ќе го добие Ferret глувчето кое е опремено со 3200DPI високо квалитетен гејминг сензор, 6 (4 со можност за репрограмиње) копчиња се на се, 16-битен проток на информации, ергономичен дизајн со гумена обвивка која помага при потење на рацете, специјален гејминг софтвер, лесна Plug’n’Play USB конекција и 1.5 метарски кабел. Преку специјалниот софтвер можете лесно да ги репрограмите копчињата за вашите потреби а исто така можете да ја менувата вредност на DPI. Интересно е што, LED светличката која го осветлува скролот на овај маус се менува врз тоа на која вредност на DPI вие користите. Маусот е наменет за лесен транспорт но и за оние гејмери кои се постајано патуваат со својот лаптоп бидејќи има мала и ергономична големина. Тефлонските парчиња на долната страна на овај производ обезбедуваат минимално триење со површината на која ќе го користите и уникатен ефект на лизгање.

Јас лично го тестирав оваа глувче на кратко и бев презадоволен од неговата прецизност, како се лизга на мојот мауспад но најмногу од неговата гумена обвивка бидејќи доста помага при потење да не загубите контрола. Според мене е еден од најдобрите мобилни гејминг глувчиња и многу пристапен.

Speed-Link Ferret гејминг глувчето ќе биде достапно за продажба во октомври оваа година така да победникот ќе биде и помеѓу првите сопственици во светот.

94 коментари на “Надополнето: WCG наградна игра заврши

  1. Пријавите овде завршуваат, оние кои ќе напишат под мојот коментар нема да се валидни. По завршеток на турнирот ќе биде откриен победникот.

      1. читај текст погоре :)

        „Во случај на повеќе точни одговори или ниеден точен, од тие групи на одговори random ќе биде извлечен победникот со помош на програма и видеото ќе биде објавено на Youtube. “

      1. Деликон е Даниел Брзанов. потврдено. Но би било супер за сите други да коментираат со Fаcebook профил.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии