Waymo купува илјадници Fiat Chrysler автомобили за да ги направи автономни возила

Компанијата која излезе од Google, како гранка од која ќе излегуваат автомните возила, Waymo, се подготвува да го освои пазарот. Waymo купува илјадници автомобили од Fiat кои најверојатно ќе ги направи автономни и ќе може да ги понуди на пазарот. Првите возила од Fiat ќе бидат испорачани оваа година.

Компанијата веќе го користи Fiat Pacifica минибусот како замена за популарното „кловновско возило “ (Firefly) кое го пензионира минатата година. Тестовите сега се прават со овие минибуси, а веќе има и тестови на првите услуги. Во Аризона, Waymo има сервиси кои се користи за транспорт на патници. Сервисот засега е во тест фаза, но ако резултатите се задоволувачки ова секако ќе се промени.

Овие возила се сосем доволни за заеднички превоз. Се чини дека Google во Аризона ги тестира токму можностите на автономните возила за ваква услуга.

Waymo засега има барел 600 Fiat Pacifica минибуси, а компанијата тестира и со Lexus RX SUV.

Одделот за автономни возила на Google засега ги тестира возилата во 25 градови во САД. Дел од градовите се Атланта, Сан Франциско, Детроит, Феникс и Киркленд. Најдалеку во овие тестови се оние во Аризона во кои компанијата тестира возила без присуство на возач. Дополнително, компаниајта веќе започнува да нуди превоз на првите патници, пренесува Verge.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии