Watson оди во облакот: IBM ќе дозволи пристап до вештачката интелигенција

IBM ќе ги понуди услугите на Watson преку облакот што ќе им овозможи на развивачите да ги искористат неговите когнитивни способности. Watson се прослави како прв компјутер кој успеа да победи на квизот Jeopardy, а според IBM таа победа е само почеток на приказната за суперкомпјутерот кој ќе добие се поголема примена, од техничка поддршка до поддршка за лекарите во клиниките. Компаниите ќе добијат и пристап до базите на податоци на Watson, a zасега ова партнерство го прифатија Fluid Retail, MD Buyline и Welltok, компании од област на е-трговија и медицината.

„Oва е облак на кој ќе се наоѓаат апликации со секаква големина и од сите области кој ќе можат да ги искористат ресурсите кој доаѓаат со Watson-апликациите. Ова ќе опфаќа алатки за развој, образовни материјали и пристап до API за Watson.“, вели IMB.

[youtube]sDWhAwrOAEc[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии