Waterful следи колку пиете вода и ве потсетува кога да пиете повеќе

Мартин Јованчевски

во Вести

Се грижите дека можеби секојдневно сте дехидрирани? Во тој случај, Waterful е апликација за iOS и Android која следи колку внесувате вода во текот на вашиот ден и ве потсетува кога да почнете да пиете повеќе.

Во зависност од тоа дали водите активен или нормален живот, добивате дневни цели. Секој пат кога ќе пиете вода, чај, сок, или млеко потребно е да го одбележите таквото нешто во апликацијата. Во случај да се држите до вашите дневни цели, добивате значки кои се замислени како некаква награда и дополнителна мотивација. Во часови кога спиете, известувањата нема да пристигнуваат.

Waterful е корисна апликација, но бара одредена дисциплина при постојано ажурирање на апликацијата секој пат кога внесувате течности. Ова знае да здосади исклучително брзо и да ве принуди да кренете раце. Добра работа е што не губите ништо и бесплатно можете да ја користите апликацијата. Во случај да ви се допадне и да сакате да ги отстраните рекламите, потребно е да се посветите на месечна претплата од седумдесетина денари.

3 коментари на “Waterful следи колку пиете вода и ве потсетува кога да пиете повеќе

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии