Watch Dogs 2 низ 20 минути гејмплеј

Првиот Watch Dogs беше добар, но сосема просечен GTA клон кој имаше скандалозен старт поради намалениот графички квалитет, прекомплицираната приказна која никако не можеше да се сфати озбилно и гејмплеј кој не беше онолку револуционерен колку што се првенствено претпоставуваше.

Втората Watch Dogs се заканува да се издигне над просекот и, да не бевме претходно изгорени со видео прикази од ваков калибар, можеби и ќе бевме спремни да поверуваме на сервираното. Сега-за-сега, скептично си дозволивме да бидеме импресионирани од поголемиот избор на можни хакнувања во зависност од вашата мета, а и ни се допадна новината наречена Net Hack view. Ваквиот гејмплеј елемент потсетува на Detective Mode од Arkham игрите и е интересна алатка за доживување на светот и отворање нови мисии.

Летањето со дронот покажа интересни можности за истражување и интеракција од нова, но, за жал, веќе видена перспектива, а управувањето со возилата изгледа како огромно подобрување од оригиналната игра. Во поглед на подобрувања, вреди да се споменат и продавниците за облека кои се уникатни за посетената област и нудат бројни можности за уредување на вашиот изглед од глава до пета (се спомнаа 700 парчиња облека и билиони комбинации од истите).

Одредени знаменитости во Сан Франциско се целосно префрлени од реалниот во дигиталниот свет, а за да напредувате низ приказната во Watch Dogs 2 ќе биде потребно често да посегнувате и по вашиот телефон за селфи фотографии и да ги поставувате на социјална мрежа како би добиле следбеници.

Во случај да ве интересира што може играта да понуди во поглед на мрежно играње, најновото видео се концентрира на Bounty Hunter модот, односно на играч-против-играч настанот каде тројца играчи, потпомогнати од полицијата, бркаат еден друг играч. За повеќе новости во мрежното играње дефинитивно погледнете го и следниов трејлер.

Watch Dogs 2 е ваша на 7 ноември, за Microsoft Windows, PlayStation 4 и Xbox One!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии